8/4

0,00 ден


Оцена :

Short Description :

Докторат- „Ресемантизација на митемите во постдрамските форми на театарот (ЕЛЕКТРА: СЛУЧАИ)“

Description :

Осумте текстови во оваа книга не се настанати одеднаш, туку во текот на три години. Напишани се по различни поводи, а дел од нив се претходно објавени во неколку списанија. Во оваа книга се пре/доработени и организирани во четири темати. Првиот темат има намера да ги спасува уметничките персоналитети/идентитети од заборавот, вториот се однесува на толкување на две балетски продукции, третиот на две театарски претстави. Последните два текста произлегуваат од личното, уметничко промислување на сценскоизведувачките уметностиin empira.

Вообичаено е ваквите книги да имаат однапред одбрана читателска публика – онаа што се занимава со сценскоизведувачките уметности од другата страна на уметноста, која служи за толкувачки, театролошки практики, но и онаа публика што учествува во самото создавање, во ефемеријата на уметничкиот чин. Вообичаено е ваквите книги да бидат спакувани во апстрактен (научен, теориски) дискурс – колку и ваквата ригидност понекогаш да ѝ пречи на уметноста како таква. Се надевам дека обете вообичаености со оваа книгаќе ги снајде ефектот на изневерено очекување.

Ваквите книги се неопходни бидејќи се бележници на континуитетот. По претставите, по уметниците, по сензациите – остануваат само зборовите кои за нив ќе бидат напишани отпосле, ако некој воопшто одвои дел од своето време за да се занимава со интерпретација, со анализа, која секогаш е повеќе од неопходна – колку мериторно да се кристализира значењето. Неопходно е да се занимаваме со сопственото време и барем да се обидеме да ги толкуваме уметничките факти кои се создале во нашето време, значењаташто лично нѐ тангираат.

Верувам дека на тој начин ќе разбереме подобро и дел од себе.

Линк: https://test.kupikniga.mk/product/8-4/