Дневникот на хулиганот

0,00 ден


Оцена :

Short Description :

Линк до книгата: https://kultura.com.mk/kniga/dnevnikot-na-huliganot/

Линк до рецензија на Венко Андоновски: https://lektira.mk/kritika/dnevnikot-na-nostalgichniot-huligan/

 
 
 
 

Description :

Книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски е несекојдневен жанровски хибрид: проза во која има многу поезија, филозофски размисли, драмска предлошка и есеистички начин на пишување.

„Дневникот на хулиганот“ не се состои само од издавање на книга, туку тоа е голем мултимедијален проект. Тој се реализира во неколку фази и тоа: радио драма, буто перформанс (што всушност е „естетика на грдото“ – дисциплина на источниот театар која се одликува со висока кодираност), издавање на книга и во тек е остварување на телевизиската фаза.

Тешко е да се одберат и извлечат само неколку реченици од контекстот и тие да функционираат и циркулираат низ големите маси народ. Но, токму тоа и ја прави уметноста флуентна, односно дозволува една мисла да добие и други значења надвор од својот примарен контекст.