Едвард Втори
0,00 ден
Description :
НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес во копродукција со Драмски театар „Масалитинов“, Пловдив, Бугарија
Едвард Втори
(по текст на Сашо Димоски според А. Жолдак и К. Марлоу)
Режисер: Андриј Жолдак
Асистент на режисерот: Никола Кимовски
Драматург: Сашо Димоски
Превод и лектура: Весна Костовска
Сценографи: Андриј Жолдак и Даниел Жолдак
Костимографи: Симон Мачабели и Раде Василев
Проектен координатор: Катерина Стефановска
Авторска музика: Сашко Костов
Избор на музика: Андриј Жолдак
Дизајн на постер: Филип Коруновски
Играат
Борис Крстев и Илин Јовановски – Едвард Втори
Јована Миладинова – Изабел де Валоа
Васил Зафирчев – Пирс Гејвстон
Јордан Витанов - Кент
Бранко Михајлоски - Мортимер
Кире Ацевски - Лајтборн
Тодор Стојковски – Едвард Трети
Сандра Танчева - Марго
Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски - Дворјани
Тодор Стојковски – Паж
Техничка екипа
технички раководител: Никола Игнов; инспициент: Славиша Ѓорѓиев; оператори на светло: Марјан Тодоровски и Зоранчо Јордев; оператор на тон: Дарко Спировски; видео: Филип Коруновски; суфлер: Орхидеја Дукова; реквизита: Благој Илиев; гардероберки: Јулијана Ангеловска и Елена Кочановска; декоратери: Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев и Трајче Џајков.
„Едвард Втори“ копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес и Драмски театар „Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија, иницира комплексна појавност на неколку нивоа. „Едвард Втори“ е производ на драматуршкиот „римејк“ на Сашо Димоски и режисерот Жолдак на класичната драма на Марлоу, со поп-артовска посвета на физичкиот театар, а во поголемиот дел од дејствието кокетирајќи со разни жанрови, во прв ред крими-трилерот. Стеснета и дизајнирана во минималистички стил, сцената го потенцира чувството на нелагодност: затоа ликовите манијакално се удираат во ѕидовите, не наоѓајќи го излезот. Колку волјата за моќ е триумфална златна круна што циклично се менува на главите на членовите на едно кралско семејство, а колку, пак, венец од трња како награда за тие мазохистички напори? Акцентот на односот помеѓу таткото и синот, на ефектите од недостигот на мајката, луксузот и моќта, потребата од стапување во брак, но и сложеноста на сексуалната определба.
Андриј Жолдак
(претставата не е наменета за лица под 16 години)
Времетраење: 150 минути со пауза
Датум на премиера: 6 август 2023 година
;