Ние, другите

0,00 ден


Оцена :

Short Description :

 

 

Description :

Ние, Другите“ е наслов кој обединува три драмски текста: Ана Комнена, Федра и Медеја. Оваа книга, во која се поместени во драмска форма три женски карактери, како и односите на тие карактери со одредниците на сопственото Време, Простор и Својство, се обидува да биде сведок на мислата на Другото време, на Непознатото време кое авторски се (пре)живува преку театарот како обединувачки медиум, чии особености се преиспитуваат од различни аспекти, било да станува збор за родовата одредница или за политичката формулација од која потекнуваат и кон која се враќаат.

Овој опит во три дела, пишуван во густ временски распон, е инспириран од потребата да се истражува во времето кое минало и од него да се направи вечна сегашност, да се реакуелизираат проблемите на ликовите и односите кои иако се физички поврзани за времето, сепак отстапуваат од него, станувајќи монументи, вечно живи споменици за мислата која може да го промени светот со својата особеност.

Од античкото време, античкиот простор и античката мисла, овој експеримент патува кон Византиската империја и таму застанува, со надеж дека ќе продолжи кон следни, нови откритија. Битието е проблем. 5 Драмската форма е обид да се реши проблемот, или барем да се разбере докрај. Театарот е огледало исправено пред гледачот. Гледањето театар, доживувањето и преживувањето театар не е ништо друго освен катарзичен чин кој го прави гледачот единственост на овој свет, а уметникот инструмент кој придонесува за духовното здравје на светот. Пишувањето театар, пак, тоа е чекор кон непознатото во себе.

Сашо Димоски, Скопје, јуни 2015