Текстови за сценска изведба
0,00 ден
Short Description :
ЛИНК: https://kultura.com.mk/kniga/tekstovi-za-scenska-izvedba/
Description :
Оваа книга обединува тринаесет текстови наменети за сценска изведба, организирани во пет темати, пишувани/изведени на сцена во периодот помеѓу 2015 и 2023 година.
Во првиот темат, насловен Митодрами, сместени се драмски текстови инспирирани од митовите на Античка Грција. Станува збор за драмските текстови инспирирани од нивните насловни хероини –Федра (праизведена во НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес, во копродукција со СМГ, Љубљана, 2015 година) и Медеја (праизведена на сцената на НТ „Ј.Х.К. Џинот“, Велес, во продукција на меѓународниот фестивал Дамите од езерото,2016 година), како и текстот за изведба на претставата Кралските копилиња (на истата сцена, 2018 година), инспириран од митскиот корпус околу Електра.
Вториот дел, со наслов Псевдоистории, обединува два текста: Ана Комнена, чија фабула е инспирирана од животот на византиската принцеза од XI век (праизведен во НТ „Ј. Х. К. Џинот“, 2017 година) и трагедијата Нерон, инспирирана од фактите и легендите за прочуениот римски император.
Третиот темат, кој ги обединува текстовите Госпоѓиците од Авињон (2018, МНТ/2022, НОБ), Помеѓу змејот и неговиот бес (Еуродрам 2020 г.), драмското либрето Уберменш (Посветување на пролетта) (ДТ „С. Бочваров“, Варна, Р. Бугарија, 2023 г.), и сценската варијација Бесни синови, а носи наслов Лаборатории – поради пристапот/експериментот преку кој се пишувани/изведени на сцената.
Текстовите за изведба Инферно (НТ„Ј. Х. К. Џинот“, Велес, 2022 г.) и Сестрите Прозорови (НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес, 2020 г.) се адаптации на два капитални наслови од светското книжевно/драмско наследство: Пеколот од Д. Алигиери и Три сестри од А. П. Чехов, и го чинат петтиот дел од оваа книга, додека, пак, во претпоследниот темат се сместени две коавторски адаптации – на романите Алма Малер (2015 г., МНТ) и Петтото годишно време (НТ „Ј.Х.К. Џинот“, 2021 г.).
Упатувам јавна благодарност до сите што беа вклучени во остварувањето на задачата од насловот на оваа книга, во остварувањето на нејзината цел – поединци и институции – и се надевам дека некои следни читатели и толкувачи во неа ќе пронајдат некаква сопствена смисла.